Кошмарот на Нико Гонзалес се вика Јамал, доби и црвен картон поради него (ВИДЕО)

Аргентинскиот интернационалец Нико Гонзалес уште долго ќе ја памти денешната средба со Ламин Јамал.

Левиот бек на Атлетико не го дочека ни крајот на првото полувреме затоа што тинејџерот на Барселона буквално му ја извади душата. Освен што неколку го понижи со атрактивни дриблинзи, изнуди и црвен картон за него пред крајот на првото полувремето, па Гонзалес нема да се врати на теренот во вториот дел.

Првиот жолт картон тој го доби во 22. минута откако со раце спречи контранапад на Барселона, а дотогаш Јамал веќе неколку пати му ја протна топката низ нозе. Исклучувањето дојде длабоко во судиското продолжение кога Гонзалес го собори Јамал пред својот шеснаесетник. Главниот судија прво му покажа втор жолт, но по консултација со ВАР собата и прегледување на снимката, го поништи и му покажа директен црвен картон.