Челси ја наполни мрежата на Порт Вејл за влез меѓу четирите најдобри во ФА Купот (ВИДЕО)
Јасно беше дека „сините“ се фаворити на овој меч, но максимално ја искористија предноста во квалитетот за да дојдат со убедлива победа. Исходот можеше да се предвиди уште во првото полувреме во кое Челси постигна три гола. Отвори Хато, на 2-0 зголеми Жоао Педро, а Лоренс Габриел си постигна автогол.
Во вториот дел погодија уште Адарабиојо, Андреј Сантос, Естевао и Гарначо од пенал за комплетирање на триумфот.