Поранешен европски шампион е противник на Охрид во полуфиналето
Таму охриѓани ќе се сретнат со поранешниот европски првак и најтрофеен словенечки тим, Целје кој последните години минува низ мала резултатска криза бидејќи последната од своите 26 титули ја освои во 2023 година. Претходните две сезони шампиони беа Горење и Слован, а Целје ќе се обиде годинава да стигне до трофејот во Европскиот куп. Целје во четвртфиналето беше подобар од романскиот Бузау кого на домашен терен го победи со 41-32, а денеска на гости ремизираше (36-36).
Своите најславни години овој клуб ги имаше кон крајот на минатиот и почетокот на овој век кога освои една титула во Лигата на шампионите (2004 година) и уште шест пати играше во полуфиналето од елитното натпреварување. Има и триумф во Суперкупот на ЕХФ, како и две учествува во полуфиналето на Купот на победниците на куповите.
Сезонава Целје е составен главно од домашни ракометари и тоа претежно млади, од 18 до 25 години. Над 30 е само десниот бек Жига Млакар кој има 35 години, а странци има само тројца: Босанецот Лука Периќ, Украинецот Олександ Онуфриенко и Унгарецот Алекс Богнар.
Полуфиналниот двомеч меѓу Охрид и Целје се игра на 25 април и 3 мај, а од втората двојка се знае само еден тим - унгарската Татабања.