Сензација во ФА Купот - Арсенал испадна од второлигаш (ВИДЕО)

Лидерот во Премиер лигата, Арсенал доживеа елиминација од второлигашот Саутемптон во четвртфиналето на ФА Купот откако велерва како гостин загуби со 1-2.

Рос Стјуарт постигна гол за водство на домашниот тим во 35. минута. Виктор Ѓокереш израмни во 68. минута, но Шеј Чарлс се погрижи за комплетирање на сензацијата со голот на пет минути пред крајот на мечот.

Тимот на Микел Артета со тоа го загуби i вториот трофеј од можни четири, па ќе продолжи да се бори за Премиер лигата и Лигата на шампионите во остатокот од сезоната.