Јокиќ си доби по носот од Вембанјама - потече и крв (ВИДЕО)
И двајцата играат одлично, иако Вембанјама го удираше Никола од самиот почеток, а потоа го натера да крвари. И за тоа не му беше досуден ниту фаул... Вембанјама во таа ситуација направи два фаула, но најпроблематично беше кога го удри по носот и му пушти крв. Не беше досуден фаул, а место тоа Вембанјама доби три слободни фрлања.
Кога го удри, Никола остана да лежи, па Браун направи фаул врз францускиот центар во контранапад за да спречи игра пет на четири и да му помогне на Јокиќ. Судиите дури и не сакаа да го гледаат видеото за да видат дали имало неспортски фаул врз српскиот центар, па сите полудеа.
Дејвид Аделман доби техничка грешка, потоа Ерон Гордон, а имаше и неспортски фаул, поради што Вемби изведе три слободни фрлања.