Судијата Трпчески го оштети Скопје, не свирна чист пенал во дербито против Брегалница! (ВИДЕО)

Брегалница денеска оствари голема победа на гостувањето кај Скопје и си ги зголеми шансите за пласман во Првата лига, но мечот на Железарница го одбележа еден спорен момент во првото полувреме.
 

Во напад беше играчот на Скопје, Николовски врз кого грубо стартуваше еден гостински фудбалер, но уште попроблематично е тоа што истиот дефанзивец на Брегалница, при падот, ја прифати топката со рака за што, се чини, мораше да биде покажано на белата точка.

 

 

Судијата Стојанче Трпчески, сепак, не мислеше така и дозволи играта да продолжи, а Брегалница на крајот славеше со 1-0 и се израмни со Охрид и Шкендија Арачиново на првото место со по 52 бода.