Џиновски скок на Барса кон титулата - „каталонците“ отидоа на +7 (ВИДЕО)
„Каталонците“ славеа на гостувањето кај Атлетико со 2-1 и им останува само мирно да го приведат првенството кон крај и да го одбранат шампионскиот трофеј. Денешниот меч беше исклучително чуден, двата тренера почна со несекојдневни постави, со многу измени и без голем број стандардни играчи, очигледно подготвувајќи се за својот двомеч во Лигата на шампионите. Така, Симеоне воопшто не сметаше на Алварез и Лукман, додека Флик почна без класичен напаѓач, па Олмо во првото полувреме играше како „деветка“.
Во такви услови, Барселона беше подобар противник, но Атлетико го отвори резултатот преку Џовани Симеоне во 39. минута. Добро за “каталонците“ беше тоа што брзо израмнија преку Рашфорд, во судиското продолжение домаќинот остана со фудбалер помалку, поради црвениот картон на Нико Гонзалес.
Измените во нападот во второто полувреме доведоа до поофанзивна игра на Барселона, но на голот за победа се чекаше до 87. минута. Стрелец беше Левандовски, ама сите заслуги одат на сметка на Жоао Кансело кој на фантастичен начин се ослободи од својот чувар, шутираше кон голот, Мусо ја одби топката, а таа од рамото на полскиот репрезентативец заврши во мрежата.
Пред Барса се два меча на домашен терен, но и уште еден двомеч во Лигата на шампионите против Атлетико со кого веќе играше четири пати оваа сезона и оствари три победи и еден пораз.