Вардар и Алкалоид бркаат пласман на Ф4-турнирот во Купот

Денеска се играат последните натпревари од групите во македонскот Куп, при што ќе бидат познати последните патници на завршниот турнир откако своето место веќе го резервираа Тиквеш и Пелистер.

Вардар вчера славеше убедливо против Радовиш со 42-21 и обезбеди меч против Голден Арт, кој претходно го надигра Пролет во групата 3.

Алкалоид, исто така, го прегази Вардар Неготино со 48-28, додека Бутел славеше со 24-18 против Струга и тие екипи ќе се соочат во финалето од групата 2.

Победниците од овие групи ќе им се приклучат на Тиквеш и Пелистер, кои вчера остварија по две победи. Тимот од Кавадарци беше подобар од Пелистер 2 и Мулти Есенс, додека битолската екипа славеше против Куманово и Охрид.

Титулата во Купот на Македонија ја брани Вардар, кој минатата година славеше против Пелистер со 26-25.