Вардар го прегази Прилеп за шести триумф по ред во Суперлигата

Поранешниот македонски ракометен шампион Вардар славеше на гостувањето кај Прилеп со 37-27 во седмото коло од Суперлигата.

„Црвено-црните“ го имаа водството од почетокот на натпреварот, односно гостите уште на стартот создадоа водство од 7-3. Како изминуваше времето, така предноста на Вардар растеше и достигна седум голови разлика пред полувремето (19-12).

Доминацијата на Вардар продолжи и во вториот дел, а Прилеп не успеа да одговори на нападите на скопскиот гигант, па така „црвено-црните“ го запишаа шестиот триумф во Суперлигата.

Најефикасен во редовите на скопскиот гигант беше Петриќ со седум голови, додека Јеремиќ постигна седум погодоци за Прилеп.

Вардар со оваа победа се израмни со Охрид на втората позиција со по 12 бодови, додека лидер е Алкалоид со 14 бода.

На останатите натпревари Бутел славеше против Тиквеш со 24-23, додека Пролет го совлада Куманово со 28-25.