Швајцарија во нокдаун, Митровиќ постигна прекрасен гол за Србија (ВИДЕО)

Србија води со 2-0 против Швајцарија во третото коло од Лигата на нации и се наоѓа пред триумф на мечот кој се игра во Лесковац.

Никола Миленковиќ беше стрелец на првиот погодок за нашиот северен сосед, но вториот гол беше дело на Александар Митровиќ, кој најпрво истрча за да стигне една лоша топка, а потоа успешно го матира голманот на Швајцарија.