Елмас може да остане во Германија - го сакаат клубови од врвот во Бундеслигата!

Maкедонскиот репрезентативец Елиф Елмас во изминатиот период се поврзува со заминување од Лајпциг, а ако досега се споменуваа екипи од Турција и Италија, сега се појави можност тој да остане во Германија.

Имено, според информациите на „Билд“ неколку клуба од првите шест на табелата (Баерн Минхен, Баер Леверкузен, Ајнтрахт, Мајнц, Борусија Дортмунд) веќе оствариле контакт со Лајпциг.

Лајпциг нема ништо против Елмас да замине бидејќи македонскиот репрезентативец не се вклопува во системот кој го практикува тренерот Марко Росе и досега Елмас запиша само 22 настапи во главно по неколку минути, а стартер беше само на два дуели.

Ќе потсетиме, Лајпциг за да го доведе Елмас на Наполи му плати сума од 24 милиони евра, Македонецот потпиша договор до 2028 година.