Ал Наср е минато: Роналдо почнал потрага по нов клуб!?
Роналдо пристигна во Ал Наср во јануари 2023 година и направи вистинска револуција во С. Арабија каде што пристигнаа уште многу фудбалски ѕвезди.
Португалецот наводно планира да го доврши договорот со Ал Наср до јуни 2025 година, по што ќе си ја бара среќата на друго место.
„Роналдо е отворен за нови предизвици во 2025 година. Не сака да замине без титула од Ал Наср, но во моментов бара нов проект во друга лига. Неговата цел е јасна, сака да постигне 1.000 голови“, објави медиумот.