Љубовниот живот им стана пекол: Сопругата на Руни му ги прости - алкохолот и проститутките!

Поранешниот англиски фудбалер Вејн Руни е роден во Ливерпул, а од мали нозе е голем навивач на Евертон. Уште на две години почнал да тренира фудбал и веднаш станало јасно дека има голем талент.

На само седум години стана ѕвезда и најдобар стрелец во локален клуб, а тоа го забележале скаути и веднаш пристигнал повик од Евертон, каде што ја заврши фудбалската академија.

По настапите за Евертон дојде момент за да направи исчекор и потпиша за Манчестер јунајтед, но детали од приватниот живот не му дозволија да остави уште поголема трага во светот на фудбалот.

Руни сакал да води бурен живот, односно да ужива во ноќни клубови и да пие алкохол до раните утрински часови, а тоа го привлече интересот на новинарите кои ги полнеа насловните страни со англискиот напаѓач.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Wayne Rooney (@waynerooney)

Вестите дека Руни е забележан во алкохолизирана состојба и фотографии на кои ужива во прегратки на проститутки и стриптизерки станаа сè почести, иако веќе дома имаше сопруга и деца кои го чекаа.

„Мислам дека имав 11 или 12 години кога се запознавме, уште тогаш знаев дека ќе се венчам со неа. Ѝ кажав: Кога ќе пораснеме, ќе се венчаме и ќе ми родиш деца. Не ми веруваше, но еве сега имаме деца“, кажа Руни пред неколку години.

Напаѓачот не се прослави надвор од теренот, односно за него се зборуваше дека нема да биде добар сопруг, меѓутоа и покрај тоа се венчаа во 2008 година во Италија, а само две години подоцна се појави скандалот со неверството, односно приказната дека Руни ја изневерил сопругата Колин со келнерка на Флорида.

„Кога излезе приказната за Руни и проститутките, целиот живот ми се уништи. Поминав денови со мислите дека цел свет е против мене. Имавме само 18 години, а во медиумите се пишуваше дека веќе посетил 16 проститутки. Бев вознемирена, но исто така знаев дека нема да пронајде девојка каква што сум јас. За неговите глупости е виновен алкохолот. Знаете и сами дека неодамна повторно ме изневери. Едноставно не може да биде без надзор“, кажа Колин.

Пријателите постојано ја советувале да го остави поранешниот фудбалер, но таа решила да го зачува семејството.

„Пред да почнат приказните, јас сè уште го носам прстенот од свадбата. Иако многумина ми велат дека сум глупава, сепак јас не морам да ги објаснувам моите одлуки. Сакам да успее овој брак“, кажа неодамна Колин.