Голманот Талески „раскина“ со Шкендија – се чека на потписот со Вардар!
Искусниот чувар на мрежата по две и пол години во клубот заминува со цел да пронајде средина каде што ќе има поголема минутажа, а според најавите, неговата следна дестинација ќе биде Вардар.
„Шкендија му се заблагодарува на Давор Талески за вложениот труд и неуморната работа за време на неговиот престој во Тетово, посакувајќи му многу успех и благосостојба во неговата понатамошна професионална кариера“, соопшти клубот.
Заедно со Талески, од Шкендија заминува и напаѓачот Дауда Бамба. Иако пристигна летово, 29-годишниот фудбалер не успеа да ги надмине повредите, поради што неговиот договор, според претходните услови, стана неважечки.