Ипсвич ја продлабочи кризата на Челси (ВИДЕО)

Челси дојде како голем фаворит на гостувањето кај Ипсвич, меѓутоа на крајот си замина со празни раце (0-2).

По само 12 минути игра Ипсвич доби удар од белата точка, по што Делап го претвори во гол и донесе предност за домаќинот.

Феликс можеше да ги врати „сините“ во игра, откако погоди во 24. минута, но ВАР-технологијата му го поништи голот.

На почетокот на вториот дел Ипсвич постигна и втор гол, и тоа преку Хатчинсон по што лондонскиот гигант не најде решение во нападот и загуби со 0-2.

Челси остана на третата позиција со 35 бодови, односно 10 помалку од лидерот Ливерпул.