Каде што има чад, има и оган: Роналдо го менува клубот за да игра на Светското клупско првенство!?

Минатата недела почнаа, а оваа зачестија шпекулациите дека Кристијано Роналдо многу веројатно ќе го напушти Ал Наср.

Можеби тоа нема да се случи зимава, но постојат изгледи сепак да се пресели на крајот од оваа сезона, односно во оној нововооведен мини-преоден рок во јуни. Информациите велат дека нема да ја напушти Саудиска Арабија, но дресот на Ал Наср ќе го замени со тој на Ал Хилал кој е актуелен шампион на оваа земја.

Договорот на Роналдо со Ал Наср истекува на крајот од оваа сезона и ќе може како слободен играч да замине во друг клуб. Ал Хилал не е случајно избран, за разлика од Ал Наср тој ќе учествува на Светското клупско првенство што ќе се одржи од 14 јуни до 13 јули и ќе биде во група со Реал, Пачука и Салцбург.

Ал Наср, сепак, не губи надеж, а спортскиот директор Фернандо Јеро планира идната недела да одржи состанок со него.