Рашфорд одбил три понуди од С. Арабија, не сака да оди ниту во Турција!

Манчестер јунајтед е подготвен да го продаде Маркус Рашфорд во јануари, фудбалерот сака да замине, но во клуб од Европа кој е конкурентен за големи трофеи.

Според „Дејли Мејл“, Рашфорд одбил три понуди од Саудиска Арабија вредни по околу 35 милиони фунти годишно.

Тој не сака ниту преселба во Турција иако се поврзуваше со некои од тамошните гиганти.

Манчестер јунајтед е подготвен да го продаде Рашфорд во јануари, но прифаќаат и да го позајмат на клуб кој ќе плати и одредено обештетување, но ќе дава и голем процент од неговата плата.

Рашфрод исто така е согласен да замине, но само за тим ко е конкурентен во најголемите европски лиги.