Трет пораз по ред за Јунајтед: Њукасл лесно го освои „Олд Трафорд“

Њукасл ја продолжи мизеријата на Манчестер јунајтед, откако славеше на гостувањето на „Олд Трафорд“ со 2-0 во 19. коло од Премиерлигата.

Александар Исак по само четири минути ја затресе мрежата на Андре Онана за водство од 1-0 на гостите, додека предноста ја зголеми Жоелингтон во 19. минута од првиот дел.

Тренерот на „ѓаволите“, Рубен Аморим потоа реши да реагира и да го повлече Џошуа Зиркзе од игра, кој речиси се расплака и избега од теренот.

„Ѓаволите“ во второто полувреме се обидуваа со сите сили да се вратат во игра, меѓутоа не беа расположени во нападот и резултатот не се менуваше до последниот судиски свиреж (0-2).

Њукасл со оваа победа скокна до петтата позиција и има 32 бодови, додека Манчестер јунајтед е на 14. место со 22 поени.