Ал Хилал најде замена за Нејмар, ќе плати 200 милиони евра за бразилска ѕвезда!?

Нејмар на теренот би требало да се врати на крајот на октомври по пауза од една година поради повреда на лигаментите на коленото, но и покрај тоа Ал Хилал работи да ангажира негов наследник.

Ал Хилал наводно сака да го ангажира фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор за кој е подготвен да плати околу 200 милиони евра.

Винисиус има договор со „кралевите“ до 2027 година, а досега постигна 87 голови и 82 асистенции на 276 меча за шпанскиот гигант.