Втора победа за Работнички: Ѓуроски го наполни кошот на Шкупи
Шкупи беше подобар ривал на паркетот во првите 10 минути и водеше со 29-20, но Работнички потоа додаде гас и го сврте мечот во своја корист (51-39).
Работнички го одржуваше водството во продолжение од средбата, иако Шкупи неколку пати намали на неколку поени негатива. Така беше во финишот на третата четвртина (52-57), но и во завршницата од дуелот кога стигна до 73-76, но немаше сила за пресврт.
Стојан Ѓуроски беше најефикасен кај Работнички со 20 поени, седум скокови и три асистенции, додека Данило Аранитовиќ постигна 18 поени, осум скокови и четири асистенции за Шкупи.