Фудбалската репрезентација на Хрватска славеше со 2-1 против Шкотска во третото коло од групата 1 во Лигата на Нации и освои нови бодови во трката за првите две позиции.

Шкотска прва постигна гол преку Рајан Кристи во 33. минута по сплет на несреќни околности за Хрватите, откако најпрво еден од фудбалерите лошо ја расчисти топката, а потоа друг не успеа од гол-линија да ја исфрли туку ја испрати во сопствената мрежа.

Хрватска, сепак, само три минути подоцна погоди за 1-1 преку Игор Матановиќ, додека целосниот пресврт го потврди Андреј Крамариќ во 70. минута од натпреварот. Драматично беше во судиското надополнување кога гостите погодија преку Адамс за 2-2, но ВАР-технологијата го поништи голот поради офсајд.

 

Хрватска има шест бодови, колку и Португалија во групата 1 од А-дивизијата, по што следи Полска со три бода, а Шкотска е без освоен поен.

Во истиот термин се играше и меч во Лига Ц меѓу Бугарија и Луксембург, но заврши без победник (0-0). Нашиот источен сосед со ова реми остана на првото место со пет бодови, по што следи Белорусија со четири, Северна Ирска со три и Луксембуг со еден бод.