
Петраков: Им должиме на навивачите, сакаме да ѝ се одмаздиме на Македонија!
Петраков вели дека неговите избраници се подготвени и имаат голема желба да ги израдуваат своите навивачи.
„Им должиме на нашите навивачи по поразот во Скопје. Не заслуживме да загубиме од Македонија, но свртевме нова страница. Знам дека имам квалитетни фудбалери во мојата селекција и тие се подготвени за одмазда против Македонија“, кажа Петраков.
Дуелот меѓу Ерменија и Македонија се игра утре од 18 часот.