
Кога е тешко, тука е капитенот: Хет-трик на Бруно Фернандес за четвртфинале на Јунајтед (ВИДЕО)
„Ѓаволите“ на домашен терен го совладаа Сосиедад со 4-1 и со вкупни 5-2 обезбедија место меѓу осумте најдобри во Лигата Европа. Мечот го одбележаа трите гола од пенал, но и хет-трикот што го постигна капитенот на Јунајтед, Бруно Фернандес.
Отвори Ојарзабал од белата точка во 10. минута за шест минути подоцна од истото место да израмни Бруно Фернандес со својот прв гол на мечот. На стартот од второто полувреме Португалецот повторно од пенал го донесе Јунајтед во водство од 2-1 за во 87. минута да стави крај на сите дилеми, комплетирајќи го својот хет-трик. Конечниот резултат го постави Дало во судиското продолжение.
Во четвртфиналето, Јунајтед ќе игра со Лион кој вечерва ја победи Стеауа со 4-0 и со вкупно 7-1 помина во следната фаза. Таму ќе биде и Тотенхем, а последниот патник ќе биде познат по продолженијата или пеналите на мечот меѓу Ренџерс и Фенербахче.
РЕЗУЛТАТ
Лион - Стеауа 4-0 (прв натпревар 3-1)
Манчестер Јунајтед - Сосиедад 4-1 (1-1)
Тотенхем - АЗ Алкмар 3-1 (0-1)
Ренџерс - Фенербахче 0-2 (3-1)