Уште еден Французин во игра за Вардар?!
Станува збор за 24-годишен ракометар кој три сезони настапувал и во Лигата на шампионите, како член на Нант. Меѓу другото, во Нант му беше соиграч и на Кирил Лазаров на почетокот на својата професионална кариера, а лани првпат ги смени клупските бои и се пресели во ПАУЦ.
Де Бретеш е еден од осумте ракометари, домашни и странски, кои се поврзуваат со трансфер во Вардар. Вториот француски играч кој би можел да заврши во Скопје Матео Фадуиле кој го носи дресот на Трембле.