И ова го има во Шпанија: Гетафе победи без шут на гол (ФОТО)

Гетафе е едно од најпријатните изненадувања оваа сезона во Ла Лига и во моментов се наоѓа на шестото место, со големи шанси да избори пласман во европските купови.

Интересно е тоа што малиот мадридски тим има една од најдобрите одбрани во лигата, со само 32 примени гола, но го има вториот најслаб напад, со 28 постигнати. Полош од него во овој сегмент е само „фенерџијата“ Овиедо кој полека се подготвува за враќање во Сегунда и покрај тоа што победи на три од последните четири натпревари.

Колку неконвенционален тим е Гетафе, најдобро зборува податокот од вчерашниот натпревар против Сосиедад. На гостувањето во Сан Себастијан, овој тим победи со 1-0, без да упати ниеден шут во рамките на голот на домашниот тим. Единствениот погодок беше автогол на Горочатеги во 29. минута.

Најдобар стрелец на Гетафе во Ла Лига оваа сезона е играчот од средниот Мауро Арамбари кој постигна шест од вкупно 28 гола на тимот (21,4%). Следен противник на мадридскиот тим е Барселона за која Гетафе е трационално незгоден ривал и која нема победа на Колисеум од 2019 година од кога меѓусебните дуели најчесто завршуваше 0-0.