
Саат-кулата во Битола синоќа беше во зелена боја, прославата на титулата е вечерва
Еуфоријата во градот е невидена, а секако причина за тоа е фактот што трофејот е обезбеден благодарение на триумфот во директниот ривал Вардар во Скопје. Синоќа најпрепознатливиот симбол на Битола, Саат-кулата светеше во зелена боја, во чест на ракометарите кои ја бранат честа на спортот во овој град и се единствени со шампионска титула во Битола.
Големата прослава на овој успех ќе се одржи вечерва од 20 часот на Платото пред Офицерскиот дом каде се очекува да се соберат повеќе илјади навивачи на Пелистер.