На цела мака, Нејмар „закачи“ и - корона

Тукушто се врати на фудбалските терени по паузата поради повреда, Нејмар доби црвен картон поради кој ќе мора да паузира, а сега му се случи уште еден малер.

Од ситните повреди, стомачните проблеми, повредата на предните вкрстени лигаменти, денеска е објавено дека бразилскиот фудбалер има и корона. Надвор од тимот е од четвртокот кога ги покажал првите симптоми, се наоѓа во својот тим и полека заздравува.

Не е исклучено тој веќе да не заигра за Сантос бидејќи договорот му важи до 30 јуни, а поради суспензија нема право на настап и идната недела почнува Светското клупско првенство. На досегашните 14 натпревари има ефект од три гола и три асистенции.