
„Кражба“ на летото: Реал ќе го остави Арсенал без планираното засилување!?
Зубименди требаше да се пресели во Арсенал, кој му нуди повеќе пари, меѓутоа во целата приказна се вклучија „кралевите“ кои преку тренерот Чаби Алонсо ќе се обидат да го убедат да потпише за нив.
Талентираниот фудбалер во договорот има откупна клаузула од 60 милиони евра, а очигледно истата нема да биде проблем за шпанскиот гигант и ќе биде активирана наскоро.