ФМП погрешно го проценил Шортс - бил низок и лошо шутирал за тројка!

Тренерот на Игокеа, Ненад Стефановиќ во подкаст откри дека постоел интерес од ФМП за македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс во 2022 година.

Управата на ФМП била заинтересиран за Шортс, меѓутоа го одбиле затоа што сметале дека е премногу низок и имал лош процент на реализирани удари за три поени.

„Шортс не му беше понуден на ФМП, туку ние се јавивме и се распрашувавме за него пред да замине во Бон. Неговите агенти ни кажаа дека заминал со тренерот во Бон, а потоа ние го одбивме и си рековме - па добро, многу е мал, тешко дека ќе успее, а и шутира тројка со 20 проценти“, кажа Стефановиќ.

Фото: Facebook/Paris Basketball