Легендите стравуваат: Ѓоковиќ би можел да го пропушти дури и Ролан Гарос!
Легендарната тенисерка истакна дека отсуството на српскиот ас е сериозен удар за турнирот, имајќи предвид дека станува збор за минатогодишниот финалист.
„Навистина е лошо што Новак не може да игра. Не видовме проблем со рамото во Индијан Велс, но условите во Мајами се специфични – топчињата се потешки, па можеби тоа има влијание. Се надеваме дека брзо ќе се врати на терените“, изјави таа.
Британецот, пак, нагласи дека ваквата одлука не го изненадува, потенцирајќи дека Ѓоковиќ внимателно го бира календарот на настапи.
„Не мислам дека е големо изненадување. Тој е многу селективен околу турнирите. Ќе биде интересно да се види колку ќе игра на земјена подлога, која е физички најнапорна. Дали ќе настапи пред Ролан Гарос или ќе се фокусира на тревата – тоа останува да се види“, рече Хенман.
Навратилова додаде дека, според неа, на Ѓоковиќ му се потребни повеќе натпревари пред гренслем-турнирите, но призна дека самиот најдобро знае како да го темпира својот настап. Со повлекувањето од Мајами, Ѓоковиќ ќе остане без 650 поени, што ќе значи и голем пад на АТП листата, со оглед дека минатата сезона стигна до финалето на турнирот.