Магија на мраз: И во хокејот се постигнуваат евроголови (ВИДЕО)

Хокеарскиот тим Динамо Москва го победи Спартак во градското дерби на КХЛ, по изведување пенали.

Откако се пристапи на изведување пенали, никој не успеа да постигне гол во првите шест серии. Потоа играчот на Динамо, Семјон Дер-Аргучинцев излезе на сцена и постигна гол каков ретко се гледа.

Тој се стрча кон голманот, го повлече пакот зад себе со полна брзина, а потоа шутираше одзади, во аголот. Сè се случи за секунда, а голманот на Спартак немаше поим каде е Дер-Аргучинцев или каде е пакот.