Играчите на Јунајтед во мисија: Касемиро, остани!

Бразилскиот репрезентативец Касемиро ја игра последната сезона во Манчестер Јунајтед, но играчите на англискиот гигант почнаа акција за негово останување во екипата и догодина.

По мечот против Астон Вила во неделата, а и во следните два дена оттогаш, неколку фудбалери јавно го повикаа клубот да го задржи искусниот играч од средниот ред. Прво тоа го направи Лени Јоро, а потоа и Матеус Куња.

„Ајде, остани во Јунајтед“, му порача Куња на својот соиграч со кого одлично соработува оваа сезона.

Сепак, во овој момент не е реално Јунајтед да се премисли и да го продолжи договорот со Касемиро и покрај тоа што е еден од најважните играчи во екипата. Ко-сопственикот на Јунајтед, Џим Ратклиф, претходно јавно изрази изненадување од годишната плата на Касемиро од околу 18,2 милиони фунти и најави мерки за намалување на трошоците во клубот, што е една од причините за одлуката да не се активира опцијата за продолжување на соработката. Клубот сакаше да донесе одлука порано за да може да продолжи со долгорочната реконструкција на тимот, а самиот Касемиро побара информациите да бидат објавени за да се избегнат шпекулации кон крајот на сезоната.