Реал Мадрид подготвува голема летна реконструкција – си оди и иднината на клубот!

Челниците на Реал Мадрид подготвуваат голема реконструкција на тимот по турбулентната сезона, а дури шестмина фудбалери од првиот состав би можеле да го напуштат клубот во летниот преоден рок.

„Кралевите“ заостануваат четири бода зад Барселона во Ла Лига, загубија од најголемиот ривал во финалето на шпанскиот Суперкуп, а беа елиминирани и од второлигашот Албасете во Купот на кралот. Лошите резултати доведоа до смена на тренерот Чаби Алонсо, на чие место дојде Алваро Арбелоа, но формата и понатаму е променлива. Надежите за трофеј, сепак, не се изгубени – Реал сè уште е во трка за титулата во Шпанија, а во Лигата на шампионите има убедлива предност против Манчестер сити (3-0) пред реваншот во осминафиналето.

Според шпанските медиуми, клубот планира драстично да го освежи составот, а на листата за можни заминувања се наоѓаат неколку звучни имиња. Најголемо изненадување е Едуардо Камавинга, 23-годишниот играч за врска кој важеше за иднина на клубот. Наводно, Реал би го пуштил доколку пристигне понуда од најмалку 50 милиони евра. Покрај него, клубот е подготвен да се раздели и со искусните дефанзивци Давид Алаба и Антонио Ридигер, како и со десниот бек Дани Карвахал.

На списокот се и левите бекови Ферланд Менди и Фран Гарсија, што јасно укажува дека клубот планира целосно да ја реконструира одбранбената линија.

ФОТО: EPA PHOTO