
Седумкратниот шампион на Италија испратил понуда за Џеко
Најчесто со името на Џеко се поврзуваше Комо, но сега италијанскиот новинар, Николо Шира тврди дека уште еден клуб влегува во игра.
Наводно, екипата на Болоња испратила понуда до напаѓачот и тоа со едногодишен договор и опција за продолжување до 2027 година.
Болоња е клуб кој во својата историја седум пати бил шампион на Италија, а во последните години бележи одлични резултати. Минатата сезона се пласираа во Лигата на шампионите, додека во последната успеаа да го освојат Купот на Италија кој им донесе пласман во Лигата на Европа.
Исто така Болоња игра офанзивен и напаѓачки фудбал и тоа секако би му одговарало на Џеко кој треба да одлучи каде ќе продолжи.