Маркез издоминира во Шпанија за нов триумф во Мото ГП

Шпанскиот возач Марк Маркез продолжи со одличните настапи во Мото ГП и денеска беше најбрз на трката за Големата награда на Арагон, Шпанија.

Доминираше осумкратниот шампион од почетокот до крајот на трката, но исто така и претходно ги имаше најдобрите времиња на тренинзите и во квалификациите.

Најблиску до Маркез беше неговиот брат Алекс кој заостануваше две скунди, додека Франческо Бањаја заврши како трет.

Во генералниот пласман Маркез е лидер со 233 бода, Алекс има 201, Бањаја е далеку зад нив со 140.

Следната трка на програмата е од 20 до 22 јуни во Муџело.

Фото: Marc Márquez/FB