Битола „гореше“ цела ноќ: Навивачите ја славеа титулата на Пелистер (ВИДЕО)

Ракометарите на Пелистер синоќа триумфираа со 32-30 против Вардар во Скопје и ја одбранија шампионската титула во македонската Суперлига.

Битолските ракометари беа пречекани од голем број навивачи во градот, а потоа се славеше до раните утрински часови и за вечерва е најавена нова прослава.

Големата прослава на шампионскиот пехар е закажана за вечерва од 20 часот пред Офицерскиот дом.

Фото: Facebook/RK Eurofarm Pelister