Левандовски: Со години го носам товарот на цела Полска и - не ми е лесно!

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски реши да се повлече од репрезентацијата за дуелите против Молдавија и Финска, по што доби жестоки критики од татковината, меѓутоа искусниот фудбалер реши да ја објасни одлуката.

Левандовски им посочи на навивачите дека му е потребен одмор по тешката сезона, а за медиумите раскажа што мисли за негоавта одлука.

„Не морам да објаснувам детално зошто решив така. Дали тоа беше исправна одлука? Во тој момент сметав дека е вистинска. Мислам дека момците ќе успеат и без мене. Репрезентацијата не зависи само од мене. Со години го носам товарот на цела Полска и не ми е лесно. Луѓето ги немаат сите информации и носат погрешни заклучоци“, кажа Левандовски.

Фото: Facebook/Poland - National Football Team