Војна во Каталонија: Капитенот на Барселона се скара со управата!

Барселона го договори младиот голман Жоан Гарсија, кој треба да биде прв чувар на мрежата на шпанскиот шампион од следната сезона, а тоа значи дека Марк-Андре Тер Штеген ќе мора да го напушти гигантот.

Тер Штеген имаше тешка повреда, меѓутоа кажа дека сака да остане во Барселона, но тренерот Ханси Флик има поинаква идеја и сака да го отстрани еден од капитените од клубот.

Каталонските медиуми пишуваат дека германскиот чувар на мрежата ќе води „војна“ против управата на клубот затоа што не сака да замине и има договор до 2028 година.

Гигантот не може лесно да се ослободи од Тер Штеген поради договорот, а исто така проблем за Барселона се финансиите бидејќи Германецот е еден од најплатените играчи во тимот.

Фото: Facebook/FC Barcelona