Албанската полиција исфрли навивач од мечот со Србија поради маичка со УЧК (ВИДЕО)

Албанија и Србија одиграа натпревар без голови (0-0) во Албанија, а на трибините беше забележан инцидент кога полицијата исфрли навивач поради неговата маичка со УЧК.

„ГазетаБлиц Спорт“ објави дека полицијата го забележала навивачот кој имал намера да ги провоцира српските фудбалери и поради тоа го отстранила од стадионот.