
Мајсторијата на Алиоски во конкуренција за гол на колото во квалификациите за СП (ВИДЕО)
Стрелец на единствениот гол за нашиот национален тим беше Езѓан Алиоски кој погоди во 86. минута за голема еуфорија на Градскиот стадион во Скопје. Неговата мајсторија не остана незабележана, па голот е во конкуренција за најубав на колото во квалификациите.
Покрај Алиоски, во изборот се уште Антонио Нуса од Норвешка, Адам Хложек од Чешка и Иван Перишиќ од Хрватска.