Битолскиот градоначалник најави богата парична награда за Пелистер

Веројатно во клупскиот правилник на Пелистер е предвиден бонус за освоени трофеи, но во големиот успех на ракометниот клуб сака да учествува и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Непосредно по синоќешното дерби против Вардар, Општината објави дека на следната седница на Советот тој ќе предложи награда од 3 милиони денари за Пелистер, како признание за постигнатиот успех и за промоцијата на градот на национално и меѓународно ниво.

За клубот ова е трета шампионска титула по ред и вкупно деветта од осамостојувањето на Македонија.