Ристовски станува тренер на голманите на Вардар, ама можеби и ќе – брани!

Михајло Михајловски на денешната прес-конференција го објави составот со кој РК Вардар 1961 ќе настапува следната сезона, без ниту едно засилување од тие што изминатиот период беа најавени.

Најголема новина, освен замената на тренерот Давид Дејвис со неговиот досегашен помошник Владо Недановски е и фактот што долгогодишниот репрезентативец, Борко Ристовски, ќе биде прекомандуван во тренер на голманот. Ветеранот, сепак, остава можност да застана и на голот ако се појави потреба за такво нешто.

СОСТАВ НА ВАРДАР 1961:

ГОЛМАНИ: Томовски, Гогов, Ристовски (тренер на голмани)

ДЕСНИ КРИЛА: Гоце Георгиевски, Ќосевски, Ѓукиќ.

ДЕСНИ БЕКОВИ: Куни Моралес, Савревски.

СРЕДЕН БЕК: Карапалевски, Додиќ (ако му дозволи Кјелце), кој сака да дојде иако не играме ЛШ, ако не дојде Додиќ ќе дојде нов среден бек. Имаме договор и со Гаџа, кој се враќа во декември.

ЛЕВИ БЕКОВИ: Талески и Мишевски.

ЛЕВИ КРИЛА: Тимур Дибиров (реков дека треба да се видам со него, не сакам ни да помислам дека тој нема да сака да остане), тогаш можеме даму се заблагодариме на Чувара и да најдеме македонското лево крило.

ПИКЕРИ: Стоилов, Атанасовски и Милан Лазаревски.

ТРЕНЕР: Недановски, негов помошник Петрушевски