РФМ го исклучи Борец од Суперлигата!

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) соопшти дека Фруитленд Борец е исклучена од Суперлигата по случувањата во Купот на Македонија, каде што велешката екипа немаше доволно ракометари за настап против Пелистер 2.

Пред денешното извлекување за шестото коло од плеј-офот и плеј-аутот во Суперлигата беше соопштено дека Борец е исклучен од натпреварувањето, па сите следни натпревари на тимот ќе бидат регистрирани со 10-0 за противникот.

Борец до крајот на плеј-аутот требаше да игра против Пролет, Прилеп, Куманово, Струга и Радовиш.

Фото: РК Фруитленд Борец