Почина првиот тренер на Кирил Лазаров!

Тажна вест доаѓа за љубителите на македонскиот ракомет, откако денеска почина Илчо Јанев, кој е првиот тренер на македонската ракометна легенда и селектор на машката репрезентација, Кире Лазаров.

Екипата на Овче Поле ја објави веста за смртта на Јанев преку нивниот профил на Фејсбук.

„Со голема жал и неверување ја добивме веста за смртта на нашиот тренер Илчо Јанев.Прекрасен човек,тренер кој секогаш се трудеше да изгради врвни играчи пред се добри луѓе. Изразуваме длабоко сочувство до фамилијата и најблиските“, пишува во објавата на Овче Поле.