Пелистер ја запре серијата на Охрид, Алкалоид осамен на врвот

По шесте победи во воведните шест кола, екипата на Охрид вечерва го претрпе првиот пораз во сезоната откако во Битола славеше актуелниот шампион Пелистер со 25-22.

Тоа му овозможи на Алкалоид да остане на чело на табелата како единствен тим со максимален ефект во досегашниот дел од македонската ракометна Суперлига. Иако конечниот резутат сугерира неизвесен натпревар, во пракса не беше така бидејќи израмнето беше само во воведните минути од натпреварот, до 4-4.

Следуваше серија од пет гола на Пелистер, а истата предност битолчани ја имаа и на полувреме (14-9). Во второто полувреме, разликата одеше и до +8 за домашниот тим (21-13), но Охрид ја искористи опуштеноста во противничките редови за во финишот да се доближи на само два гола негатива (22-24). Сепак, немаше време за нешто повеќе и Пелистер заслужено запиша нови два бода на своето конто.

Филип Кузмановски беше најефикасен на натпреварот со девет гола, далеку зад Павле Атанасијевиќ кој постигна четири. Ојлески и Матцуока го предводеа Охрид со по пет гола.