Македонија врза серија каква што немала никогаш порано!

Македонија вечерва се радува на победа над Ерменија со која практично го обезбедивме пласманот во Б-дивизијата иако треба да го завериме во ноември, но со овој триумф направивме и една серија каква што сме немале досега.

Македонската репрезентација дојде до третата победа во низа без примен гол, досега никогаш не ни успеало тоа. А само уште еднаш имаме врзано три победи, но сме примале и погодоци во нив. 

Во овие три триумфи обезбедивме две победи над Ерменија и една над Летонија. Две беа гостински, па тоа е уште една пофалба за македонските фудбалери.

Во наредните два натпревари на домашен терен ги пречекуваме Летонија и Фарски Острови, па лесно може да дојдеме и до пет победи во низа.