Фарски Острови и Летонија си поделија по еден бод

Без победник заврши вториот меч од четвртото коло во групата во која се наоѓа репрезентацијата на Македонија.

Селекциите на Фарски Острови и Летонија одиграа нерешено (1-1) по што стана јасно дека само Летонците имаат теоретски, но не и реални шанси да ја стигнат Македонија на табелата. За да се случи тоа, Летонија треба да не победи во Скопје со најмалку четири гола разлика, а ние да загибиме и од Фарски Острови на домашен терен.

Трет пат во овој циклус на Лигата на нации, Фарски Острови први постигнаа гол, но не успеаја да го задржат водството и да дојдат до првата победа. Поведоа во 40. минута преку Соренсен, но Ситс во 69. минута го израмни резултатот и ги постави конечните 1-1. Во следното коло, на 14 ноември, Летонија гостува во Скопје и тоа ќе биде одлична можност македонската репрезентација пред своите навивачи да го прослави освојувањето на првото место во групата.