
Освојувач на ЛШ е најново засилување на Пролет!
Стаува збор за Марко Мишевски кој ќе ја засили бековската линија на тимот. Мишевски со Вардар успеа да дојде до трофејот во Лигата на шампионите, а во последниот ангажман настапуваше во Франција. Покрај Вардар во Македонија беше дел уште од Металург.
Пристигна и Марко Трајковски кој се враќа во клубот откако своевремено беше дел од тимот како младинец, додека минатата сезона ја помина во Борец. Се засили Пролет и на голманската линија каде што Бојан Солев ќе им се придружи на Даскаловски и Трајков. Исто така и тој пристигнува од Борец.
Последното засилување за Пролет доаѓа од Буел и тоа Кристијан Давитковски кој боите на Бутел ги бранеше пред две години кога одлучи да си замине, но сега се враќа да помогне во остварување на целите.