
МВР презема мерки по националистичките скандирања на навивачите на Шкендија!
Пред натпреварот меѓу Шкендија и Карабах, МВР излезе со сопштение дека ќе санкционира евентуални националистички испади на мечот, како што беше тоа случај и на кошаркарскиот натпревар во Куманово меѓу Македонија и Романија.
Националистичките испади не изостанаа, навивачите на Шкендија во неколку наврати скандираа „Илирида“ и „Голема Албанија“.
СВР Скопје врз основа на снимениот и документиран материјал презема мерки во координација со надлежен јавен обвинител.
Ваквото однесување на навивачите на Шкендија не е ново, го има речиси на секој натпревар, а кулминацијата се случи по трагедијата во Кочани кога наместо минута молчење имаше свирежи и песни за УЧК.