Барса веќе нема да го моли Тер Штеген - ќе го тужи!

Тензијата меѓу Барселона и капитенот Марк Андре Тер Штеген стигна до кулминацијата, клубот веќе нема намера да го моли за разговор, туку ќе се обиде преку суд да го реши случајот.

Според „АС“, Барселона одлучила да ги прекине сите обиди за разговор со голманот кој одби да го потпише медицинскиот извештај.

Со неговиот потпис, Ла Лига ќе можеше да ја разгледа неговата повреда и да одлучи колку долго Тер Штеген би бил отсутен, а со тоа ќе ѝ дозволи на Барселона да регистрира друг фудбалер.

Без таа информација не може официјално да се класифицира неговата повреда и Барса нема да добие дозвола да регистрира нов играч на негово место.

За каталонците тоа е исклучително важно во овој момент со оглед на тоа што се трудат да го запазат финансискиот фер плеј.

Претседателот Лапорта претходно изјави дека ќе го искористат долгото отсуство на Тер Штеген поради повреда, за да регистрираат нов играч, но сега тој план се руши поради одбивањето на голманот.

Тер Штеген ги одбивал повиците од Барселона, која лута од однесувањето на својот капитен веќе се откажува од обидите да седне и да разговара со него.

Клубот планира да креира адвокатски тим кој ќе покрене тужба против германскиот голман.